Дописници Пирок ќе добие колектор за отпадни води 

Пирок ќе добие колектор за отпадни води 

Министерството за животна средина и просторно планирање финансиски ќе помогне за изградба на колектор за канализацискиот систем во Пирок.
Министерството ќе одвои пари и за реконструкција на резервоарот за питка вода во Горно Седларце.
За овие два проекти денеска во зградата на Општина Боговиње, договори потпишаа министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи.
Градоначалникот на Општина Боговиње рече дека со Министерството за животна средина имаат одлична соработка, а доказ за тоа е денешното потпишување на двата многу значајни договори.
Министерот за животна средина најави кофинансирање и на други проекти за третман на отпадни води и во другите општини од Полошко.