Македонија Пет земјотреси почувствувани утрово во земјава со епицентар во подрачјето на Дебар

Пет земјотреси почувствувани утрово во земјава со епицентар во подрачјето на Дебар

Извор: USGS Earthquake Hazards Program of the U.S. Geological Survey

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево извести дека регистрирала пет земјотреси утрово. Серијата земјотреси се случила на 100 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебар, а, прецизно, епицентрите биле во Албанија:

– во 8 часот и 5 минути со локална Рихтерова магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,
– во 8 часот и 9 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.7 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,
– во 8 часот и 10 минути со локална Рихтерова магнитуда ML4.4 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,
– во 8 часот и 11 минути со локална Рихтерова магнитуда ML3.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,
– во 8 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.