Свет Свет Перу: 16 загинати во автобуска несреќа

Перу: 16 загинати во автобуска несреќа

Шеснаесет лица загинаа, а 10 се повредени кога автобус не успеал да влезе во свиок на пат во централниот дел на Перу и слетал во реката Тарму, соопшти перуанската полиција.

Возачот на автобусот, кој се движел кон градот Пичанаки, поради неприлагодена брзина, изгубил контрола над воланот, при што паднал од 35 метри височина во реката, соопшти локалниот шеф на полицијата Хозе Мендоза.