Свет Пентагон: Северна Кореја неуспешно лансираше ракети

Пентагон: Северна Кореја неуспешно лансираше ракети

Американската војска детектираше неуспешно лансирање на севернокорејски балистички ракети во близина на градот Кусонг, на северозападот на Северна Кореја.

– Ние остро го осудуваме ова како и другите неодамнешни севернокорејски ракетни проби. Имаме намера да изразиме загриженост во Обединетите нации за да се зајакне меѓународната решеност во барање одговорност од Северна Кореја за ваквите акции – соопшти портпаролот на Пентагон, командантот на американската Морнарица, Гери Рос.

Тој додаде дека САД се непоколебливо и цврсто посветени на одбрана на своите сојузници во регионот, вклучувајќи ги Јужна Кореја и Јапонија.

Пентагон соопшти дека ракетната проба не претставувала закана за Северна Америка.