Главна секција Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 30 мај

Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 30 мај

Извор: Претседател на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски по одржаната седница на Советот за безбедност соопшти дека вонредната состојба во земјава ќе се продолжи до 30 мај. Тој ќе потпише трета одлука за прогласување на вонредна состојба, но овој пат таа ќе трае само 14 дена. Овој период ќе биде доволен за спроведување на економските мерки и за справување со корона вирусот во нашата земја, истакна претседателот Пендаровски.

Покрај со постојаните членови на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски се консултирал и со Комисијата за заразни болести, чиј член д-р Жарко Караџовски беше присутен на денешната седница.

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека продолжувањето на вонредната состојба е поради економските импликации од корона-кризата во земјава. Воедно, тој посочи дека за датумот за одржување на парламентарните избори ќе се разговара на нова лидерска средба веќе следната седница.

Втората одлука на претседателот Пендаровски за вонредна состојба во земјава истекува утре. Советот за безбедност на денешната седница констатирал дека ситуацијата со корона вирусот во земјава е подобрена, но и дека се потребни дополнителни напори за санирање на состојбите и последиците.