Македонија ПДП: Разочарани сме од денешното однесување на пратениците

ПДП: Разочарани сме од денешното однесување на пратениците

Партијата за демократски просперитет (ПДП) е длабоко разочарана од однесувањето на пратениците во однос на донесување на законите што би ја зацврстиле акцијата и позициите на СЈО, пишува во соопштението на партијата.

„Сметаме дека однесувањето на пратениците на ДУИ и на ДПА го потврдува општото убедување на Албанците дека однесувањето на овие две политички партии е диригирано со палката на нивниот ’легендарен командант Грујо’ и тие никако не можат да излезат од таа рамка. Да не се присуствува на седница на Собрание (за што народот и ги плаќа ) е исто како да гласаш против предложените закони“, наведено е во соопштението.

Денеска пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка на измените на законите за СЈО и за заштитени сведоци кои ги бараше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ги предложи пратеничката група на СДСМ.