Свет Откриена масовна гробница во околината на Палмира

Откриена масовна гробница во околината на Палмира

Сириската војска пронашла масовна гробница со околу 40 тела во подрачјето на градот Палмира, кој до минатата недела беше под контрола на припадниците на Исламска држава, јавуваат светските агенции.

Според информациите, најголем дел од телата во гробницата, која била откриена во североисточниот дел на Палмира, биле на жени и на деца. На некои од жртвите им биле отсечени главите.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека милитантите на Исмалска држава убиле голем број на луѓе, а телата ги закопале во предградието на Палмира.

Сириската војска ја ослободи Палмира минатиот викенд со поддршка на руската воена авијација.