Свет Осуммина загинати во експлозија во хемиска фабрика во Кина

Осуммина загинати во експлозија во хемиска фабрика во Кина

Осум лица загинаа, а девет се повредени при експлозија и пожар што се случија во фабрика за хемикалии во источната кинеска провинција Шандонг.

Несреќата била предизвикана од експлозија на танкер со течен гас на терминал за полнење во фабриката.

Експлозијата запалила неколку цистерни со гориво во економската зона Линји. Околното подрачје е евакуирано.

Сопственикот на фабриката е повреден и веднаш пренесен во локалната болница.

Пожарот го локализираат повеќе од 900 пожарникари.