Свет Свет Осум загинати во експлозија на бомба во близина на Мосул

Осум загинати во експлозија на бомба во близина на Мосул

Осум припадници на ирачките паравоени единици загинале во експлозија на бомба, подметната во училиште во регионот на Мосул, кој на почетокот на јули беше преземен од џихадистите на Исламска државата (ИД), јавуваат светските агенции.

Училиштето се наоѓа на околу 20 километри од Мосул, а борците на ИД го минирале додека кон крајот на август се повлекувале од Мосул и од Тал Афар.

Во борбите за ослободување на провинцијата Нинива од Исламска држава, владините сили имаа помош и од шиитската племенска единица Хачд ал-Чаби.