Свет Балкан Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

Руската Федерација е таа која преку латентни и видливи чекори, преку прокси играчи, континуирано го дестабилизирана регионот, изјави Османи

Фото: Мета.мк

Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра идентичната улога во Западниот Балкан.

Руската Федерација е таа која преку латентни и видливи чекори, преку прокси играчи, континуирано го дестабилизирана регионот, изјави Османи. Тој даде и неколку примери, па така рече дека Русија се обиде да ја дестабилизира Црна Гора преку обид за државен удар, се обиде да ја дестабилизира Македонија при референдумот за членство во НАТО, а се обидува да направи проблеми и во Босна и Херцеговина и Косово преку Србија.

„Руската Федерација е причина за проблемите и нестабилноста на овој регион“, рече Османи, а единствено решение за стабилноста на целиот регион е членството на земјите во ЕУ и НАТО.

Тој ја повика Руската Федерација да ја прекине воената агресија врз Украина и да ги повлече своите трупи и воена опрема од украинската територија.