Македонија Османи-Река: Зајакната регионална соработка е клучна за влезот на Западен Балкан во...

Османи-Река: Зајакната регионална соработка е клучна за влезот на Западен Балкан во ЕУ

Убеден сум дека во вакви времиња кога ЕУ се соочува со многу предизвици, интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со овие предизвици. Целосна интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна, нагласил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Османи посочил дека членството во ЕУ е заедничка цел на Македонија и Албанија и нагласил дека е потребна поддршка од нашиот сосед за членство на Република Македонија во НАТО, особено во претстојниот период.

Соговорниците констатирале дека отпочнувањето на првиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување на двете земји во висина од 12 милиони евра во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан е јасен сигнал дека регионот заеднички пристапува кон надминување на предизвиците.