Свет ОН: Жители на Мадаја умираат од глад, потребна е итна евакуација

ОН: Жители на Мадаја умираат од глад, потребна е итна евакуација

На околу 400 жители на сирискиот град Мадаја, кој е под опсада, им е потребна итна евакуација заради медицински третман, соопштија Обединетите нации, по вонредниот состанок на Советот за безбедност во врска со ситуацијата во Мадаја.

Вчера, конвој на Светската програма за храна достави хуманитарна помош за градот со околу 40.000 жители, кој е под опсада со месеци.

Обединетите нации соопштија дека добиле уверливи извештаи дека во Мадаја луѓе умираат од глад.

Како што јавуваат медиумите, загрижувачка е ситуацијата и во градовите Кефраја и Фоја, каде околу 20.000 луѓе, поради опсадите, се заробени од март минатата година.