Свет ОН: Жестока осуда за нападот на цивили во Сирија

ОН: Жестока осуда за нападот на цивили во Сирија

Потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош, Стивен О’Брајан, жестоко го осуди нападот на цивили во Сирија.

– Ужаснат сум од целосното непочитување на животот на цивилите во овој конфлит. Нападите врз цивили мора да престанат – рече О’Брајан на конференцијата за новинари во Дамаск.

Бројот на жртвите во серијата воздушни напади на сириските сили во Дума, град што го контролираат бунтовниците, денес порасна на 96 лица, а околу 240 луѓе се повредени, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.