Свет Европа ОН: Повеќе од половина милион луѓе ја напуштиле Украина, најмалку 102 цивили...

ОН: Повеќе од половина милион луѓе ја напуштиле Украина, најмалку 102 цивили се убиени

Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Шефот на Аенцијата за бегалци на ОН во понеделникот рече дека повеќе од 500.000 луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија минатата недела.

Филипо Гранди, шеф на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, овие податоци ги објави својот Твитер профил. Според Гранди тимовите на УНХЦР ги засилуваат хуманитарните напори поради ескалацијата на кршењето на правата во Украина.

Шефицата на ОН за човекови права Мишел Башелет соопшти дека најмалку 102 цивили во Украина се убиени откако Русија ја започна својата инвазија минатиот четврток, а има и уште 304 повредени, но се стравува дека реалната бројка е „значително поголема“, пренесе Ројтерс.

„Повеќето од овие цивили беа убиени од експлозивно оружје со широко подрачје на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќе лансирање, како и воздушни напади. Се плашам дека бројките се значително повисоки“, рече Бачелет, обраќајќи се на отворањето на седницата на Советот за човекови права во Женева.

Русија и Украина денес започнаа разговори за прекин на воените напади при што Киев побара „итен прекин на огнот“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера даде заповед руските сили со нуклеарно оружје да бидат подготвени на висок степен на приправност, повикувајќи се на агресивните изјави на НАТО и економските санкции против Москва.