Свет Европа Оланд: Грција ќе остане во еврозоната

Оланд: Грција ќе остане во еврозоната

Грција ќе остане членка на еврозоната и со побараните драстични реформи и заштеди, од ЕУ ќе добие поддршка од 80 милијарди евра за да може да ги заздрави економијата и државата, за на крај да може да го отплати долгот од 250 милијарди евра.

Ова го изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, по состанокот на шефовите на држави и на влади на еврозоната.

Тој додаде дека парламентот во Атина до среда мора да усвои повеќе темелни мерки за реформи и за буџетска заштеда, за да се почне со преговорите за програмата за поддршка и да се добие итна финансиска поддршка за отворање на банките и за плаќање на долговите што доспеваат во јули и во август.