Свет Европа Оланд: Брексит значи и губење на единствениот пазар на ЕУ

Оланд: Брексит значи и губење на единствениот пазар на ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска предупреди дека ако Британците на референдумот гласаат за напуштање на ЕУ, тоа ќе го загрози пристапот на Велика Британија на единствениот пазар на Унијата.

– За Велика Британија би било многу ризично да го изгуби пристапот до единствениот пазар. Сите треба да бидат свесни за тоа – рече францускиот претседател.

Утре се одржува референдумот на кој Британците ќе гласаат за останување или за излегување од ЕУ.