Македонија Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопско Дељадровце

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопско Дељадровце

Утрово, околу 3.50 часот, тројца маскирани и вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа на „Макептрол“, во скопското село Дељадровце, соопшти полицијата.

Разбојниците, со закана кон еден од вработените, одзеле околу 9.000 денари и побегнале од местото.

Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.