Македонија Од денеска во Србија само со негативен PCR тест не постар од...

Од денеска во Србија само со негативен PCR тест не постар од 48 часа

Фото: Архива на Влада на РСМ

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) извести дека на предлог на Институтот за здравје на Србија, српската влада донела одлука со која на граѓаните на Северна Македонија и на уште три земји: Хрватска, Романија и Бугарија, ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија.

Одлуката за државјаните на овие четири земји, меѓу кои и на Република Северна Македонија, почнува да важи денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.

Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но тие мора за 12 часа да транзитираат низ територијата на Србија од еден премин до друг.

Црна Гора, пак, денеска најверојатно ќе ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија, откако претходно не дозволуваше влез.