Македонија Обвинителството сослушува полицајци за насилството во Собрание

Обвинителството сослушува полицајци за насилството во Собрание

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека досега се идентификувани 15 лица инволвирани во нередите што се случија во Собранието на Република Македонија и дека се сослушани поголем број припадници на полицијата.

„До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува. Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем број лица, припадници на полицијата. Сослушувањата кои се во тек ќе продолжат во функција на целосно документирање на кривично-правните настани во Собранието на РМ“, велат од обвинителството.

За понатамошните постапувања на надлежен јавен обвинител по пријавата и по донесените одлуки, од обвинителство додаваат дека дополнително ќе информираат.