Македонија Облачно време, попладне со пороен дожд

Облачно време, попладне со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 25 степени.

Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, утре и задутре претпладне. За време на велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.