среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: празници | 35 резултати

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

декември 30, 2021

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, соопштија денес од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). Така, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите […]

Филипче: Не гледам потреба од заострување на мерките против ковид-19

декември 22, 2021

Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа дека такви собири на јавни места има насекаде, изјави денеска министерот здравство во заминување, Венко Филипче при посетата на Клиниката за ортопедија. Според него, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе спласне. „Не гледам […]

Пониските бројки на заболени и починати од ковид-19 не се никаков сигнал за опуштање [инфографик]

јануари 13, 2021

Иако бројките на новозаразени на дневна основа од вирусот SARS-CoV-2 и на починати како резултат на болеста ковид-19 опаѓаат, сепак пандемијата е далеку од завршена и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, велат епидемиолозите. Споредено со останатите земји од Балканот, Северна Македонија бележи стагнација на развојот на болеста. Така на пример […]

МВР: Групирања по журки, славења по дома или во викендички да се пријават на 0800 00 201 или на мејл

декември 28, 2020

Министерството за внатрешни работи ги повикува граѓаните во наредниот период да пријавуваат кршење на здравствените протоколи за заштита од корона вирус и недозволено групирање на журки, славења по дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на меил адресата: [email protected]. Граѓаните на бесплатниот телефонски број или на меил адреса […]

Филипче: Славите и празниците кои се пред нас да ги прославиме само со најблиските

ноември 8, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче, по повод претстојните слави и празници, апелираше да се прослават во кругот на најблиските. „Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но […]

27 јануари е неработен ден за припадниците на српската заедница

јануари 21, 2019

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија. „Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот Свети Сава“, се […]

Облачно време, попладне со пороен дожд

април 5, 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Утринската температура ќе се […]

Ципрас за божикните празници ќе му биде гостин на Вучиќ

декември 24, 2017

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе престојува во Белград како гостин на Вучиќ за време на божикните празници, пренесуваат грчките медиуми. Ципрас со семејството денеска отпатувал во Белград каде што ќе го помине Божиќ, на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави грчката агенција АНА-МПА. Грција го слави Божиќ по Грегоријанскиот календар. Ципрас престојуваше во Белград […]

Среда, 2 Август, е неработен ден за сите граѓани

јули 31, 2017

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 2 Август (среда), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Републиката.

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

април 19, 2017

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту […]

Охрид и Струга очекуваат десетици илјади гости за велигденските празници

април 12, 2017

Охрид и Струга за велигденските празници очекуваат најмалку десетина илјади туристи од земјата и од странство. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека побарувачката за Охрид никогаш не била поголема од годинава. Според него, велигденските празници ќе бидат првиот тест и најава за успешна летна туристичка сезона. Според христијанската православна традиција, велигденските јајца се вапсуваат […]

Банките го намалија кредитирањето, а ја зголемија ликвидноста во јануари

февруари 15, 2017

Народна банка нотираше намалување на вкупните кредити во јануари како резултат на пониското ниво на кредити на претпријатијата, при умерен раст на кредитирањето на населението. – На годишна основа, според првичните податоци, кредитната активност во јануари расте со солидно темпо, што е блиску до проектираниот раст за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската […]

Божиќ е наработен за сите граѓани

јануари 3, 2017

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците, 7 јануари (сабота), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Божиќ на граѓаните од православната вероисповед.

2017 година за охриѓани почна бериќетно

јануари 2, 2017

Новата година и првата седмица што следи по неа, за охриѓани значи голем бериќет. Барем десетина илјади гости, од земјата и од светот, уживаат за продолжениот викенд во сончевиот и за овој период од годината топол Охрид. Примамливите пакет-аранжмани, главно со лански цени, беа привлечни, пред сè, за гостите од соседството и од регионот. Најбројни се […]

Охриѓани, за Нова година, ќе патуваат во Будва, Белград и во Милано

декември 30, 2016

Повеќе илјади странски туристи, главно од соседните земји, ќе ги исполнат хотелските капацитети и дел од приватното сместување во Охрид, за време на новогодишните празници. Резервации има и од гости од земјата, пред сè, од Скопје, Битола, Куманово, но и од други места. Покрај за дочекот на Нова година, интерес за посета на Охрид од […]

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

декември 26, 2016

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 1 јануари 2017 година (недела), Нова година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Македонија им ја честита Новата година.

Голем број туристи во Охрид за католички Божиќ

декември 25, 2016

Охрид викендов е во празнично расположение, со полни тераси на кафулињата и рестораните, шеталиштата и тесните улички во старото градско јадро. Празничната атмосфера ја создадоа бројни туристи од Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора и од други земји, дојдени тука да го прослават Божиќ според Грегоријанскиот календар. Хотелиерите им понудија прифатливи тридневни пакет-аранжмани. Крсте Блажески – […]

И Индонезија ги зголемува безбедносните мерки за време на празниците

декември 22, 2016

Индонезиската полиција соопшти дека ги зајакнала безбедносните мерки во земјата за време на претстојните празници. Соопштението доаѓа еден ден откако припадници на индонезиските антитерористички единици убија тројца осомничени екстремисти за време на рација во една куќа во близина на главниот град Џакарта. Шефот на полицијата, Тито Карнавијан, рече дека безбедноста ќе биде зголемена во црквите […]

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

октомври 19, 2016

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците, 23 октомври (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

1 и 2 мај се неработни денови

април 25, 2016

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 1 мај (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија и 2 мај 2016 година (понеделник), […]

Страна 1 од 2