Македонија Обдукцискиот наод од убиствата на Вања и Панче стигна во Обвинителството

Обдукцискиот наод од убиствата на Вања и Панче стигна во Обвинителството

Од Oбвинителството засега велат дека нема да објавуваат детали од обдукциските извештаи

Фото: Мета.мк

Јавното обвинителство денеска информираше дека Судска медицина ги испратила до нив обдукциските наоди од телата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Од обвинителството засега велат дека нема да објавуваат детали од обдукциските извештаи.

За убиството на 14-годишната ученичка Вања од Скопје и 77-годишниот Панче Жежовски од Велес се осомничени шест лица, од кој првоосомничениот, Љупчо Палевски Палчо во моментов е во екстрадициски притвор во Турција. Тој се сомничи за грабнување и убиство на свиреп начин.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.