Свет Свет Обама бара од Конгресот 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика

Обама бара од Конгресот 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика

Американскиот претседател Барак Обама официјално побара од Конгресот да се издвојат 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика во Латинска Америка и во САД.

Обама од Конгресот побара и флексибилност за дел од средствата што останале од борбата против еболата, од 2015 година, да се пренасочат во борбата против вирусот зика.

Високи претставници на републиканците во претставничкиот дом во Конгресот изјавија дека најбрз начин да се соберат пари за борба против тој вирус е да се искористат приближно 2,7 милијарда долари, нераспределени пари, кои се наменети во борбата против ебола.

Вирусот зика кој се пренесува преку комарците, веќе стигна во САД, бидејќи одредени патници се вратија заразени од тој вирус.