fbpx
Таг: зика

таг: зика

Во Индија откриени три случаи на Зика

Во Индија пријавени се три случаи на вирусот Зика, вклучувајќи и две трудни жени, кои и покрај вирусот родиле здрави деца. Од Министерството за здравство соопштуваат дека тројцата пациенти се закрепнати и дека нема потреба за паника. Од таму додаваат дека тројцата пациенти го добиле вирусот во државата затоа што не патувале надвор од земјата. Вирусот го шират комарци познати како комарци...

Во Сингапур 41 лице заразени со вирусот зика

Повеќе од 40 лица се инфицирани со вирусот зика во Сингапур, но поголемиот дел од нив целосно заздравуваат, соопштија денеска властите на таа земја. Сингапур го регистрира првиот случај на заболен од зика во мај годинава. Вирусот во земјата го внесе 48-годишен маж кој патувал во Бразил, центарот на епидемијата на оваа болест. Министерството за здравство на Сингапур денеска потврди дека има 41...

Во Тексас почина бебе од вирусот зика

Бебе родено со тешки оштетувања на мозокот поради вирусот зика почина во сојузната американска држава Тексас, што е прв смртен случај од овој вирус во САД, соопштија денеска локалните санитарни власти. „Бебето почина набрзо по раѓањето. Тоа е прв смртен случај од вирусот зика во Тексас“, стои во соопштението. Во Тексас се регистрирани 97 лица инфицирани со вирусот зика, од кои...

Бебе со микроцефалија родено во Шпанија

Шпанка инфицирана со вирусот зика родила бебе со микроцефалија, јавуваат шпанските медиуми, наведувајќи дека ова е прв случај да се роди дете со недоразвиен мозок и со помала глава од обично во Шпанија и во Европа. Медиумите јавуваат дека лекарите уште во мај кај фетусот откриле микроцефалија, но родителите се спротивставиле на идејата за абортус и побарале мајката сепак да...

СЗО: Потребни се 108 милиони евра за борба против вирусот зика

Потребни се 108 милиони евра за финансирање на планот за борба против вирусот зика, соопшти денеска Светската здравствена организација. Акцентот на 18-месечниот план, како што велат од СЗО, ќе биде ставен на жените што се во поодминати години за раѓање. Вирусот зика, кој го пренесуваат комарците, се поврзува со сериозни нарушувања кај новороденчињата, кои најчесто се раѓаат со мала глава и со невролошки...

Превентивно запрашување како заштита од вирусот зика во Охрид

Охрид ќе биде еден од градовите во кои ќе биде извршено брзо превентивно запрашување од вирусот зика, во согласност со препораките од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Комисијата за заразни болести за превенција од вирусот зика во Македонија. Таа обврска им припаѓа на локалната самоуправа и на Центарот за јавно здравје од Охрид, кои во текот на наредните...

Бебето од Дојран не боледува од зика

Тримесечното бебе од Дојран не е заболено од вирусот зика, покажаа резултатите од лабораториските испитувања во Германија. Како што соопштија од Министерството за здравство, резултатите од испитувањето пристигнале попладнево во Институтот за јавно здравје. Веста за резултатите ја објави и градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, кој на својот фејсбук-профил напиша дека резултатите за зика се негативни и оти бебето нема микроцефалија.

Пораст на бројот на случаите со микроцефалија во Бразил

Бројот на потврдени и потенцијални случаи на микроцефалија во Бразил кои се поврзуваат со вирусот Зика, минатата недела порасна од 5.200 на 5.235, соопшти бразилското Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека бројот на потврдените случаи за една недела пораснал од 907 на 944, додека на потенцијалните од 4.291 на 4.293. Се смета дека повеќето новороденчиња во Бразил, родени со...

Обама бара од Конгресот 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика

Американскиот претседател Барак Обама официјално побара од Конгресот да се издвојат 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика во Латинска Америка и во САД. Обама од Конгресот побара и флексибилност за дел од средствата што останале од борбата против еболата, од 2015 година, да се пренасочат во борбата против вирусот зика. Високи претставници на републиканците во претставничкиот дом во Конгресот...

Интензивни подготовки во САД поради вирусот зика

Процесот за итни операции како подготовка против ширењето на вирусот зика за време на летната сезона, американскиот центар за контрола на заразни заболувања го активира на највисоко ниво. Претходно Белата куќа соопшти дека ќе побара од Конгресот една милијарда и 800 милиони долари за борба против овој вирус. Парите, главно, ќе бидат искористени за контрола на подрачјата каде што се...

Во Колумбија 3.100 жени заразени со вирусот зика

Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија се заразени со вирусот зика, што се пренесува преку убод од комарци, информираше претседателот на оваа земја, Хуан Мануел Сантос, додека болеста продолжува брзо да се шири низ Америка. Со оваа болест во Колумбија се заразени повеќе од 25.600 лица, рече Сантос во текот на средбата со претставници на здравствените власти, што била...

Во Колумбија три смртни случаи од вирусот зика

Три смртни случаи во Колумбија се последица на вирусот зика, кој е во експанзија во Латинска Америка, потврди колумбискиот институт за здравје. - Можам да потврдам дека три смртни случаи се последица на вирусот зика - изјави Марта Луција Оспина, директорка на институтот, и додаде дека трите лица го имале синдромот Гилен-Баре. Синдромот ја предизвикува оваа неуролошка болест која може да доведе во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...