Главна секција Новозаразени 68 лица, вкупната бројка стаса до 828 пациенти

Новозаразени 68 лица, вкупната бројка стаса до 828 пациенти

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 15, во Куманово 18, во Прилеп 14, во Тетово двајца, во Струга 10, во Велес шестмина, a во Битола, Гостивар и во Кочани има по еден новозаболен пациент.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти е 828. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на ковид-19.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а осуммина се на респираторна машина. Во „8 Септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани шест пациенти.

Пациентите се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат осум пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип се хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување“, информираат во министерството.