Македонија Новите договори за парно греење ќе бидат достапни на Интернет, пополнети ќе...

Новите договори за парно греење ќе бидат достапни на Интернет, пополнети ќе се доставуваат лично

Фото: ri на Pixabay

Корисниците на парно греење во Скопје ќе можат сами да си го симнат и пополнат договорот за снабдување со топлинска енергија со АД ЕСМ. Новите договори кои треба да се склучат откако АД ЕСМ го презеде снабдувањето со парно греење во главниот град ќе бидат поставени на веб-страницата на оваа компанија а ќе се доставуваат и по пошта.

Сепак, иако Мета.мк праша дали ќе може електронски да се достават потпишаните договори, таква информација сè уште нема.

„Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ќе биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот“, известија од АД ЕСМ.

ЕСМ Снабдување соопшти дека во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија и во поштенските сандачиња на корисниците во објектите каде се испорачува топлинска енергија. Потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување иститот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во Договорот

Исто така, од АД ЕСМ велат дека следните денови јавноста ќе биде известена и за нови начини на поедноставување на постапката за склучување на договори и апелираат до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти.

Заклучно со 18.10.2022 , до 11:00 часот, склучени се 950 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

ЕСМ Снабдување најави дека ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом. А, тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности.

Руски гас преку бугарски гасовод – засега најопиплива опција за млаки радијатори