Свет Балкан Новинар уапсен во Тирана поради повик за убиство на евроамбасадорка

Новинар уапсен во Тирана поради повик за убиство на евроамбасадорка

Албанската полиција соопшти дека го уапсила 51-годишниот новинар Кастриот Мифтарај поради повици на насилство против Романа Влахутин, шефица на Делегацијата на Европската Унија во Тирана.

Мифтарај е спроведен од припадници на антитерористичките единици на полицијата во полициска станица, откако објави коментар против Влахутин на својата фејсбук-страница. Тој ја нарекува евроамбасадорката „терорист“ и вели дека нејзиното убиство би било „антитерористички чин“.

Мифтарај се соочува со казна затвор до три години.