Свет Балкан Нови чистки во Турција, приведени повеќе пилоти

Нови чистки во Турција, приведени повеќе пилоти

Турското обвинителство побара притвор за 73 пилоти од воздухопловните сили, што е последна во низата акции поврзани со истрагата за неуспешниот воен удар извршен во јули годинава.

На мета се најдоа приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен и воздухопловната база во централната турска провинција Коња и уште во 17 провинции.

Тие се обвинети за вооружена буна против Турција.

Анкара го обвини Ѓулен, кој живее во егзил во САД, за организирање на пучот, а тој го негира тоа.

Други медиуми во Турција најавуваат дека во текот на денот ќе бидат уапсени повеќе од 200 војници и цивили.

Од неуспешниот пуч на 15 јули, во Турција се уапсени 35.000 лица и отпуштени или суспендирани се повеќе од 100.000 лица во јавната администрација, правосудството, полицијата и во војската.