Македонија Нови 80 заболени во едно деноноќие, најмногу активни случаи има во Аеродром,...

Нови 80 заболени во едно деноноќие, најмногу активни случаи има во Аеродром, Центар и во Карпош

Минувачи на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти, a вo болнички услови починати се три лица од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).

Најмногубројни активни случаи има во Аеродром, 338, во Центар има 328 и во Карпош има 317 ковид случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Таму вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се двајца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.