Македонија Нови 677 случаи на ковид-19, бројката на активни случаи надмина 8.000

Нови 677 случаи на ковид-19, бројката на активни случаи надмина 8.000

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Во последниве 24 часа во земјава се направени се 3.317 лабораториски тестирања, а регистрирани се 677 нови случаи на ковид-19. Во истиот период починале 13 пациенти, покажуваат статистиките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), според кои што сега во Северна Македонија има над 8.000 активни случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Од новите 677 случаи, најголемиот број се од Скопје – 279, потоа следува Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2, Струмица – 1.

Во последните 24 часа регистрирани се 517 оздравени пациенти. Меѓу 13-те смртни случаи има 5 починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 8.006.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, а на починати е 7.255.