Македонија Нови 50 случаи на ковид-19, оздравени 133, а починати 16 лица

Нови 50 случаи на ковид-19, оздравени 133, а починати 16 лица

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани се 133 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Куманово и Прилеп  –  по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г, 77г, 84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г, 62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.