Македонија Нови 19 случаи на Ковид-19, оздравени се 16 пациенти, четворица починати

Нови 19 случаи на Ковид-19, оздравени се 16 пациенти, четворица починати

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени пациенти од кои во Скопје 7, Куманово 1, Тетово 3, Велес 1, Кочани 1 и Неготино 3. Во ГОБ „8 септември“ почина 65-годишна пациентка од Скопје примена на 11 мај, 71-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 16 мај и 73-годишен пациент од Тетово, кој бил во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 41-годишен пациент од Прилеп, кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, при што се регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 1, Гостивар 1, Струмица 1 и Виница 1. Од сите тестирања во изминатото деноноќие, 223 теста се во рамки на скринингот во градинки и нема позитивни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројот на оздравени лица е 1.367, на починати е 110, а во моментов се активни 381.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациента. Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема лица на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.