Хроника Нападнат тетовец откако затекнал крадец во својот автомобил

Нападнат тетовец откако затекнал крадец во својот автомобил

Седумдесет и шестгодишен жител на тетовското село Мала Речица бил нападнат од непознато лице, што го затекнал како се обидува да му го украде радиото од автомобилот.

Како што информираат од полицијата, Љ.Р. (76) околу 17 часот во полициската станица во Тетово, пријавил дека дента, околу 11. 30 часот, го паркирал својот автомобил „ауди а-4“ на паркингот кај Арабати Баба-теќе, а кога се вратил, во возилото затекнал непознато лице со изваденото радио.

Во моментот кога сакал да повика полиција, крадецот го нападнал со тупаници и со шрафцигер, нанесувајќи му исеченица на левата рака, а потоа побегнал од местото.

Полициска екипа извршила увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на сторителот.