Хроника Нападнат полицаец додека се обидувал да уапси побегнат затвореник

Нападнат полицаец додека се обидувал да уапси побегнат затвореник

Припадник на штипската сообраќајна полиција бил физички нападнат додека со колеги се обидувал да уапси 23-годишно момче од градот, кое се барало поради бегство од затвор, информираат од полцијата.

Според информациите, екипа на штипската сообраќајна полиција вчера, околу 13.30 часот, при контрола на возило, марка „лада“, со охридски регистарски таблички, констатирале дека возачот С.Д. (23) се бара поради бегство од струмичкиот затвор.

При обидот да го уапсат, сопатникот во „ладата“, С.Д. (20), фатил еден од полицајците за рака и го повелекол наназад.

Полицаецот изгубил рамнотежа и паднал, а возачот, користејќи ја можноста, се дал во бегство.

Од полицијата информираат дека сопатникот бил уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а за настанот веднаш бил известен надлежен јавен обвинител.