понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: затвореник | 13 резултати

Избеган затвореник избодел човек, ограбувал со пиштол и запалил две возила

октомври 5, 2017

Затвореник кој избегал од „Идризово“ во март, бил уапсен завчера во парк во Капиштец, откако во изминатиот период избодел човек со нож, со закана со пиштол ограбил жена и со соучесници запалил две возила, соопшти МВР. Полицијата го уапсила откако добила дојава каде се движи. Д.Т.(29) од Скопје, на 13 мај, околу 3.30 часот, пред […]

Косовец платил 8.000 евра за лажно помилување од претседателот Иванов

јули 31, 2017

Двајца скопјани добија кривични пријави за измама оти излажале Косовец кој бил во македонски затвор дека може да му издејствуваат помилување од претседателот на Република Македонија и за тоа му зеле вкупно 8.000 евра. СВР Скопје поднел кривична пријава против А.Т. (37) и З.П. (46) и ги товари дека од мај 2014 г. до март […]

Починал млад затвореник во „Идризово“

март 12, 2017

Цимерите вчеравечер го пронашле 21-годишниот затвореник А.Р. онесвестен во ќелијата, по што бил пренесен со брза помош на Токсиколошка клиника во Клинички центар, каде лекарите констатирале смрт, соопшти СВР Скопје. За случајот полицијата била известена од затворските чувари. Телото на починатиот млад затвореник по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Првиот затвореник на ЦИА по 11 септември останува во Гвантанамо

октомври 28, 2016

Одборот на американската влада го отфрли барањето за ослободување на Палестинец од затворот Гвантанамо, првиот затвореник на ЦИА по нападите од 11 септември 2001 година. Во соопштението на одборот на владата на САД за периодична ревизија е наведена „некогашната вмешаност во терористички активности“. Затвореникот Зејн ел Ибидим Мухамед Хусеин претходно се појави пред одборот во […]

Во Идризово почина затвореник

јуни 4, 2016

Во Ургентниот центар утрово почина Д.Б. (67) од Дебар, осуденик во затворот КПУ „Идризово“, соопшти полицијата. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Нападнат полицаец додека се обидувал да уапси побегнат затвореник

јуни 22, 2015

Припадник на штипската сообраќајна полиција бил физички нападнат додека со колеги се обидувал да уапси 23-годишно момче од градот, кое се барало поради бегство од затвор, информираат од полцијата. Според информациите, екипа на штипската сообраќајна полиција вчера, околу 13.30 часот, при контрола на возило, марка „лада“, со охридски регистарски таблички, констатирале дека возачот С.Д. (23) […]

Затвореникот што се самозапали во битолскиот затвор транспортиран во Скопје

април 20, 2015

Затвореникот што синоќа се самозапали во битолскиот затвор поради серизоноста на повредите итно е транспортиран во скопските клиники. Комановецот Ферат Алии кој отслужувал казна затвор во Битола, се бори за живот откако со колонска вода се самозапалил. Од болницата во Битола велат дека половина од неговото тело е со изгореници од трет степен. – Долните […]

Белгиски затвореник ќе биде еутаназиран на 11 јануари

јануари 4, 2015

52-годишниот Франк Ван ден Блекен, кој издржува затворска казна во психијатриски институции веќе 26 години за повеќе силувања и за едно убиство во Белгија, ќе биде еутаназиран на 11 јануари, објавија локалните медиуми. Ван ден Блекен поднесе барање за еутаназија во 2011 година, повикувајќи се на фактот дека неговата болест е „неизлечива“ и дека преживува […]

Пронајден мртов затвореник во Струга

ноември 26, 2014

Во казнено-поправната установа во Струга, вчера е пронајдено безживотно тело на затвореник, кој бил на возраст од 35 години и бил осуден за загрозување на сигурноста. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а почната е истрага за да се откријат причините за смртта.

Страна 1 од 1