Економија Намалена невработеноста во САД

Намалена невработеноста во САД

Нови 214.000 работни места отвориле работодавците во САД, а стапката на невработеност се спушти на ново најниско ниво за шест години, од 5,8 отсто, објави во петокот американското министерство за труд.

Со тоа продолжи солидното темпо на вработување во најголемата светска економија, во која во изминатите девет месеци нето-бројот на отворени работни места редовно надминуваше 200.000.