Свет Најмалку 24 загинати во двоен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 24 загинати во двоен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 24 лица загинале, а 91 се повредени во двоен бомбашки напад, кој денеска се случил во Кабул, во близина на министерството за одбрана на Авагнистан, јавува Би-би-си“.

Првата бомба била активирана од далечина, а по кратко време бомбаш-самоубиец ја детонирал другата експлозивна направа, соопштиле од авганистанското министерство за одбрана за „Би-би-си“.

Одговорноста за нападот ја презеле талибанците, кои стојат и зад серијата бомбашки напади во Кабул, кои се случија неодамна.

Според информациите, бомбашот-самоубиец ја активирал бомбата во моментот кога безбедносните сили пристигнале на местото по првиот напад.

Покрај цивили, полицајци и војници, во нападот загинале и вработени во министерството, кои во тоа време заминувале од работа.

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, го осудил нападот, нагласувајќи дека тој е изведен од „непријатели на Авганистан кои ја изгубиле способноста да се борат со безбедосните сили“ и додал дека „целта на терористите е да предизвикаат страв“.