Свет Свет Најмалку 21 лице ранети во експлозија на бомба во автобус во Ерусалим

Најмалку 21 лице ранети во експлозија на бомба во автобус во Ерусалим

Најмалку 21 лице се ранети синоќа при експлозија на бомба во автобус во јужниот дел на Ерусалим, соопшти израелската полиција.
Според болнички извори, две од повредените лица се наоѓаат во критична состојба.
Најголемиот дел од ранетите се наоѓале во автобусот, но меѓу нив има и патници на еден автомобил кој минувал покрај автобусот во моментот на експлозијата. Покрај автомобилот, при експлозијата е оштетен уште еден автобус во движење, во кој немало патници.