Свет Европа Најмалку 20 лица се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел...

Најмалку 20 лица се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија

Најмалку 20 луѓе се повредени во земјотресот што утрово го погоди централниот дел од Италија, соопштија италијанските власти. Како што пишуваат медиумите, станува збор за лесни повреди.

Шефот на италијанската служба за цивилна заштита, Фабрицио Курчо, изјави дека засега нема регистрирано човечки жртви од земјотресот со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала.

Италијанскиот премиер Матео Ренци рече дека властите ќе ги обноват сите куќи, цркви и други објекти уништени во низата земјотреси што ја погодија Италија во изминатите два месеца.