Свет Најмалку 15 загинати во земјотрес на југот на Филипини

Најмалку 15 загинати во земјотрес на југот на Филипини

Најмалку 15 лица загинале, а околу 100 биле повредени во земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата сакала што денеска го погодил јужниот дел на Филипини, јавуваат светските агенции.

Земјотресот, според агенциите, ја погодил провинцијата Суриаго дел Норте, на островот Минданао.

„И понатаму ја проценуваме ситуацијата, потребите на населението и причинетата материјална штета“, изјавил претставник на филипинските власти.