Свет Свет Најмалку 14 лица се убиени, а осум се ранети во напад во...

Најмалку 14 лица се убиени, а осум се ранети во напад во Мексико

Најмалку 14 лица се убиени, а осум се ранети во напад на вооружена група на центар за рехабилитација на северот на Мексико, соопшти полицијата.

Вооружената група синоќа упаднала во центарот за лекување наркозависници „Обединети семејства“ и почнала да пука на луѓето, каде што во тој момент биле 25 лица.

Во последната деценија, најмалку шест напади се извршени врз рехабилитациски центри, а за најголем дел од нив се одговорни членовите на банди кои сакаат да се пресметаат со нивните ривали што се кријат во тие центри.