Свет Европа Најмалку 13 лица загинале во пожар за време на роденденска забава во...

Најмалку 13 лица загинале во пожар за време на роденденска забава во Франција

Најмалку 13 лица загинале, а неколкумина се повредни во голем пожар кој избувнал за време на роденденска забава во клубот „Ле Куба Либре“ во францускиот град Руан, јавуваат локалните медиуми.

Според информации од противпожарната служба во главниот град на француската покраина Нормандија, загинатите лица во пожарот биле на возраст меѓу 18 и 25 години.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев за весникот „Ле Монд“ изјавил дека во тек е истрага која треба да ги утврди причините за пожарот, во чие гаснење учествувале 50 пожарникари.

Протипожарните екипи биле повикани на местото ноќеска, 50-тина миниту по полноќ.

Меѓу повредените имало и едно лице кое било во критична состојба.

Засега не се знае вистинската причина за избувнувањето на пожарот, но се отфрла секаква можност од терористички напад.

Според „Би-би-си“, пожарот го предизвикале свеќичките од роденденската торта, чиј пламен го зафатил таванот од полиестер во подрумот на барот, каде се одржувала роденденската забава.