Свет Свет Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште...

Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште во Колумбија

Најмaлку 112 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија.

Колумбиските власти известија дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и од три нејзини притоки, до што дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд.

При свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба во Мокоа, а градот бил без струја и без вода.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, на својот профил на „Твитер“ објави дека „Колумбијците се во жалост поради жртвите“.