Свет Свет Најмалку 10 загинати во два одвоени бомбашки напади во Багдад

Најмалку 10 загинати во два одвоени бомбашки напади во Багдад

Најмалку 10 луѓе загинале, а 22 се повредени во два одвоени бомбашки напади што денеска се случиле во главниот град на Ирак, соопштија ирачки официјални претставници, јавуваат светските агенции.

Меѓу загинатите, според информациите, најмногу имало цивили.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но според начинот како е извршен, пишуваат агенциите, најверојатно станува збор за Исламска држава.

Ирачката војска пред неколку недели почна голема офанзива за ослободување на градот Мосул, кој е последното урбано упориште на екстремистите на Исламска држава во Ирак.