Подглавна секција Најголемата болница во Газа опколена од израелски војници и без струја

Најголемата болница во Газа опколена од израелски војници и без струја

Во последните неколку дена се водеа интензивни борби и близу „Шифа“ и другите болници во северниот дел на Газа, а дотурот на храна, вода и гориво е речиси непосточеки. Пукотници кај „Шифа“ се слушаат и попладнево

Фото: Abed Rahim Khatib/dpa

Среде трагедијата во болницата „Шифа“, на повиците од своите западни сојузници денеска Израел да стори повеќе за заштита на палестинските цивили, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не реагираше во позитивна насока.

Израелските војници ја опколија најголемата болница во Газа, која е без струја, и според лекарите, досега пет пациенти починале, вклучувајќи и едно предвреме донесено на свет новороденче, бидејќи и последниот генератор е без гориво и повеќе нема електрична енергија за болницата, јавуваат светските новински агенции.

Израел болницата „Шифа“ ја смета за главен команден центар на Хамас и тврди дека милитантните од движењето користат цивили како човечки штит и направиле софистицирани бункери под неа. Хамас и болницата ги отфрлаат таквите тврдења.

Во последните неколку дена се водеа интензивни борби и близу „Шифа“ и другите болници во северниот дел на Газа, а дотурот на храна, вода и гориво е речиси непосточеки. Пукотници кај „Шифа“ се слушаат и попладнево.