Свет Балкан Повеќе од 4.000 бегалци влегле во Словенија откако Унгарија ја затвори границата

Повеќе од 4.000 бегалци влегле во Словенија откако Унгарија ја затвори границата

Илјадници мигранти, во изминатото деноноќие, влегле во Словенија, откако ноќта меѓу петокот и саботата унгарските власти ја затворија границата со Хрватска и го запреа протекот на бегалци на нивна територија.

Како што соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во Словенија од Хрватска влегле околу 4.000 мигранти. Најголем дел од нив имаат намера да го продолжат својот пат кон Австрија и кон Германија.

Словенечките власти вчера донесоа одлука да ја вклучат војската која ќе ѝ помага на полицијата во справувањето со бегалскиот бран.

Премиерот Миро Церар изјави дека Словенија ќе ги прифаќа мигрантите сè додека границите на Австрија и на Германија се отворени за прием на бегалците.