Македонија Могерини: Многу сме охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името

Могерини: Многу сме охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името

Високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение на спорот со името.

– Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме позитивен исход – изјави Могерини.

Димитров претходно изјави дека тој заедно со неговиот грчки колега Никос Коѕиас преговарале до доцна синоќа и постигнале рамка за компромис за името.