Главна секција Могерини и Хан: Насилството во Собранието е целосно неприфатливо, повикуваме на воздржаност

Могерини и Хан: Насилството во Собранието е целосно неприфатливо, повикуваме на воздржаност

„Најостро ги осудуваме денешните напади на членовите на парламентот во Скопје. Насилство во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и на воздржаност“, стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан.

Тие ги повикуваат Министерството за внатрешни работи и полицијата да ја осигураат безбедноста на Собранието и на пратениците.

„Демократијата мора да продолжи по својот курс. Како позитивен го нотираме, според извештаите, изборот на Талат Џафери за нов спикер на Собранието. Европската Унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот пат за напредок. Ги повикуваме политичките актери да го почитуваат Уставот на земјата и да дејствуваат во духот на демократските принцпипи, пристојноста и на здравиот разум. Поранешната југословенска Република Македонија е земја кандидат и Европската Унија е подготвена да работи со Собранието на потребните реформи за придвижување на земјата напред кон нејзиниот европски пат“, стои во изјавата на Могерини и на Хан.