Главна секција МНР чека податоци од Париз за можни настрадани Македонци во Ница

МНР чека податоци од Париз за можни настрадани Македонци во Ница

Министерство за надворешни работи чека од француското МНР податоци во врска со тоа дали меѓу загинатите и повредените во нападот во Ница има македонски државјани.

Како што соопштија од МНР за „Мета“, во текот на денот се очекуваат повеќе детали.

Возач со камион синоќа влета на шеталиштето во Ница, за време на прославата на Денот на Бастиља, при што уби 84 лица, а повреди неколку десетици. Француските власти засега немаат податоци за националноста на загинатите и на повредените.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој го извршил Французин со потекло од Тунис.