Свет Европа Мините поставени од руските сили во Украина се смртоносна закана за војската...

Мините поставени од руските сили во Украина се смртоносна закана за војската и за цивилите во Киев

Додека украинските сили полека продолжуваат со својата контраофанзива, војската и цивилите во земјата се соочуваат со смртоносен проблем - нагазни мини кои се претпоставува дека ги има стотици илјади

Фото: Укринформ

Додека украинските сили полека продолжуваат со својата контраофанзива, војската и цивилите во земјата се соочуваат со смртоносен проблем – нагазни мини кои се претпоставува дека ги има стотици илјади, а се расфрлани по патишта, закопани ce во полиња и се скриени во опустошени градови, објави Ројтерс.

Постојат нови, напредни типови мини кои можат да осетат движење или да уништат возила на стотици метри оддалеченост. Сепак, најзастапени се постарите, едноставни оружја кои се произведени во големи количини, а кои ги користат и украинските и руските војници.

Ројтерс интервјуирал четири хуманитарни организации за деминирање и двајца воени експерти.

„Бидејќи конфликтот е во тек, нема начин да се одреди точната област што е контаминирана со мини или степенот на контаминација“, рече Марк Хизнај, помошник директор за оружје во „Хјуман рајтс воч“.

Мините се покажале како огромна пречка за украинските војници и ги запреле нападите за време на нивната контраофанзива, а ги онеспособиле и оклопните возила.